Проститутките во Холандија бараат пензиски права како на фудбалерите
Холандските проститутки инсистираат на истите олеснувања во однос на пензиското оданочување , како кај професионалните фудбалери поради " тешката физичка работа " која ја вршат , пишува CNBC . Кампањата за обезбедување на подобри пензиски права ја води Freya - компанија која сака да владее со голем број бордели во холандскиот град Утрехт.
" Фудбалерите и проститутките вршат тешка физичка работа која не можат да ја работат во текот на целиот живот. Поради ова, тие би сакале да можат да заштедат што повеќе средства " , изјавил Вил Пост , адвокат на Freya за холандското издание Volkskrant .
Проституцијата е легитимен и регулиран бизнис во Холандија од 2000 година. Компании како Freya нудат проститутки , кои имаат право да добијат помош при невработеност и државна пензија во Холандија и да работат на договор и плата.
" Мажите сакаат млади жени и кај проститутките секогаш настапува возраста на која веќе немаат клиенти , " изјавил адвокатот пред AFP .
Според него, на една проститутка " може да и бидат потребни повеќе од десет години за да престане да работи , бидејќи е во ќор-сокак и не може да заштеди пари".
Слично
