Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОШЕТКА НИЗ РИМ: Лидерите на Г20 фрлија специјално направена паричка во Фонтана ди Треви

ПРОШЕТКА НИЗ РИМ: Лидерите на Г20 фрлија специјално направена паричка во Фонтана ди Треви

Лидерите на Г-20 собрани на самиотот во Рим имаа заедничка прошетка низ градот, и фрлија паричка во светски познатата Фонтана ди Треви. И тоа не обична, туку монета од едно евро искована специјално за овој самит, со печат од цртежот на Леонардо да Винчи, „Човекот на Витрувиус.

Предводени од италијанскиот премиер Марио Драги, лидерите на Г-20 фрлија паричка на Фонтаната Треви во Рим пред да се вратат на тешките разговори за климата во обид да постигнат конечна декларација, објавија медиумите во неделата.

Областа околу огромниот барокен споменик, еден од најпознатите во Рим, беше целосно затворен за да и се овозможи на групата во која беа индискиот премиер Нарендра Моди, германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Борис Џонсон, шпанскиот Педро Санчез и други да ја следат традиција.

Легендата вели дека посетителот треба да фрли паричка во фонтана за да се врати во Рим, вечниот град.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој е физички присутен на самитот на Г-20 во Рим, не учествуваше во прошетката низ Рим, за разлика од рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, кои виртуелно го следат собирот.

Атмосферата беше опуштена, пишува италијанскиот весник Il Messaggero. Откако ја фрли паричката, германската канцеларка Ангела Меркел си ги изми рацете во Фонтаната.


Слично

Поврзани вести