Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просечен Британец нема да чека во редот повеќе од 4 минути

Просечен Британец нема да чека во редот повеќе од 4 минути
Чекањето во ред, најчесто пред шалтерите не е пријатно искуство, но Британците негодуваат, ако треба да чекаат повеќе од четири минути, покажало најновото истражување спроведено во Велика Британија. Во просек Британецот е подготвен трпеливо да чека во ред само четири минути, а најмалку проблеми за ова прават луѓето над 55-годишна возраст. За разлика од нив, помладата генерација не може да стои долго на едно место. Британците меѓу 35 и 40 години издржуваат во редот просечно по 3 минути и 40 секунди, а младите меѓу 18 и 24 години најмногу три минути. Истражувањето покажало и дека жените се потрпеливи додека стојат на крајот од редот, за разлика од мажите кои почесто избувнуваат. Мажите издржуваат во редот  3 минути и 23 секунди, а жените - 3 минути 39 секунди. 63% од Британците користат мобилен интернет на својот елефон  додека чекаат во комерцијалните објекти, банки или на други шалтери. Тие ова време се помалку го користат за игри, а се повече зе водење бизнис, проверка на меилот и социјалните мрежи.
Слично

Поврзани вести