Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проруските сили се согласиле на повлекување на тешкото оружје

Проруските сили се согласиле на повлекување на тешкото оружје

Проруските сили од истокот на Украина се согласиле да го повлечат тешкото вооружување од првата линија на фронтот, изјавил денеска генерал Александар Лентцов, член на украинско-рускиот Заеднички центар за контрола и соработла, задолжен за примена на прекин на огнот на истокот од Украина.

Лентцов наведува дека претставниците на проруските сили потпишале наредба повлекувањето на тешкото вооружување да се заврши во рок од две недели, почнувајќи од денеска, пренсеува британски Би-Би-Си.

„Го одредивме 22 февруари за клучен ден, така што од денес па до наредните 14 дена ќе ја реализираме одредбата на мировната спогодба за повлекување на тешкото вооружување“, рекол рускиот генерал.

Тој навел дека наредбата за повелкување на оружје веќе ја потпишале лидерите на самопрогласените Луганска и Доњецка република додавајки: „Пред се се надеваме дека и претставници на Киев ќе и се приклучат на оваа мерка“.

Претставниците на Киев и проруските сили соноќа  размениле вкупно 191 заробеник, што било клучен дел од минатонеделниот мировен договор од Минск. Разменети се 139 украински војници за 52 проруски борци.

Тоа е прв чекор предвиден од спогодбата од Минск кој е успешно извршен, потсетува Би-Би-Си.

Слично

Поврзани вести