Прорусите бараат: Киев да ја признае автономијата на новите републики
На разговорите во Минск, на кои присуствуваа претставници од Русија, Украина, ОБСЕ и професионалните сили, претставници од самопрогласената Народна Република Доњецк и Луганска Народна Република побарале од Киев да им се признае автономијата, но изразиле желба да останат интегрален дел од Украина.
Претсавници од ДНР и ЛНР побараа од украинската Влада да стави крај на воената операција на истокот на земјата, за да можат да се одржат слободни парламентарни и локални избори.
На состанокот во Минск предложено е и формирање на комисија за работа на спогодбата за мирно решавање на судирите и обнова на регионот Доњецк.
„Претседателот и Владата треба да ги прифатат декретите со кои ќе биде одобрено оправување од хуманитарната катастрофа, признавање на специјален статус на територијата под кон на Народните Републики и создавање на услови, првенствено запирање на сите операции, за одржување на избори“, се наведува во документот, пренесува руската телевизја „Раша тудеј“.
