ПРОРОШТВО НА БАБА ВАНЃА: Дали Путин ќе владее со светот?
Уште во времето на Советскиот сојуз, Баба Ванѓа предвидува дека Русија ќе остане светска сила и во 21 век, а на нејзино чело ќе дојде Путин кој долго време ќе биде на власт.
„Се се топи, како и мразот, но само едно останува недопрено – славата на Владимир, славата на Русија. Тој се елиминира од својот пат и не само што ќе опстане, туку ќе стане господар на Светот… А Русија повторно ќе стане империја!“ - рекла Баба Ванѓа во 1988 година.
Меѓудругото, Ванѓа рекла дека “двајцата најголеми владетели на светот ќе се ракуваат. Ќе мине уште многу вода низ реките на Русија, а тоа нема да случи. Се додека не дојде „осмиот“ руски лидер, кој ќе воспостави конечен мир на планетата“.
Толкувачите на нејзините пророштва „типуваат“ на тројца: средновековниот кнез на Русија Владимир Долгоруков, Владимир Илиќ Ленин и на Владимир Путин, кој според пресметките е токму осмиот лидер.
Според пророштвата на Ванѓа, Русија ќе стане најголема светка сила до 2040 година.
