Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пропаста на Ирак: Се` што знаеме за Садам Хусеин е грешка, не требаше да биде ликвидиран

Пропаста на Ирак: Се` што знаеме за Садам Хусеин е грешка, не требаше да биде ликвидиран

„Беше 13 декември 20013 година, а јас бев во Ирак цели 8 недели. Моја задача беше да најдам трага која ќе ме одведе до Хусеин и неговите поддржувачи. Војната која траеше за да се сруши неговиот режим траеше веќе 9 месеци, а ловот по него се уште се водеше како неуспешен. Тоа траеше се додека не открија дека постои стар брадест човек, кој живее во родното место на Хусеин - Тикрит, каде што имало изградено бункер. Тогаш ме повика извршниот директор на ЦИА, Базеј Кронград.“

Џон Никсон во книгата „Брифинг со претседателот: Испитување на Садам Хусеин“ тврди дека тој немал никаква поврзаност со производството на хемиско оружје.

Никсон тврди дека откако бил повикан од Кронград, во неговата канцеларија биле уште неколку официјални лица на ЦИА, па од него било побарано да каже на кој начин Садам Хусеин би можел да се идентификува, со изговор дека постојат голем број двојници. Тој им потврдил дека ирачкиот претседател има племенска тетоважа на десната рака, рана од куршум на левата нога и дека долната уста често му се спушта на една страна. Сите овие знаци на препознатливост и тикови ги дознал по часови и часови поминати од гледање на видео материјали.

Еден од најголемите митови е дека Хусеин имал двојници, па Никсон решил да не се концентрира на тема која е тотална измислица, туку да го насочи вниманието за прашањата кои треба да му ги постави на Хусеин, кој како заробеник на американската војска бил донесен на испитување на аеродромоот во Багдад.


Хусеин бил облечен во бела облека. Изгледал изнемоштено и како веќе да знаел дека му се ближи крајот, но сепак успеал да го задржи строгиот арогантен израз на лицето. На овој начин тој го опишува ирачкиот претседател во својата книга.

„Го прашав кога последен пат ги видел своите синови живи, а тој налутено побара од мене да се идентификувам. Тогаш ја забележав тетоважата како и тикот со долната уста. Остана уште да дознаам дали има рана од куршум на ногата. Хусеим пообара од мене да му поставам политички прашања, нагласувајќи дека многу можам да научам од него, а истовремено се жалеше дека војниците биле груби кон него. Се зачудив за човек кој два пати не размислуваше дали да убие некој, сега се жалеше на неколку гребнатинки. Потоа ги покажа гребаниците на нозете, ја видов раната од куршум и сфатив дека тој е вистинскиот“, напишал Никсон.

„Иран не е терористичка нација. Немаме никаква поврзаност со Осама бин Ладен, ниту пак поседуваме оружје за масовно уништување. Тоа се измислици на Буш и неговата администрација со цел да е уништи оваа земја. Кога веќе најдовте предавници да ве доведат до мене, зарем немаше да откриете траги кои же ве одведат до оружјето за масовно уништување“, вака Хусеин му се обратил на Никсон.

Во обидот да се креира ппогрешна слика во јавноста за Хусеин, голем број психијатри тврдеа дека тој бил малтретирн и злостѕавуван од очувот во текот на детството и дека тоа придонело да биде груб и насилен. Всушност вистината е дека Хусеин немал доволно зборови за да го пофали својот очув, за кој тврди дека го сакал повеќе од сопствениот син, Идхам.


Паралелно на ова се надоврзува и фактот дека Хусеин бил тешко болен, па морал да ги откаже цигарите и јадењето на црвено месо. Ирачкиот претседател очекувал, но бил изнеанаден од небулозите поврзани со него, па само одговорил дека пуши по 4 цигари на ден и дека обожава да јаде црвено месо.

Според профилот на ЦИА, Хусеин бил дефиниран како лажливец, но на крајот Никсон потврдува дека всушност се што е направено против него е чиста пропаганда за формирање на секуларна држава на истокот, која би се борела со фундаментализмот. Тој исто така потврдува дека ирачкиот претседател прв реагирал против нападите на 11 септември во САД, истакнувајќи дека лицата се од Саудиска Арабија и Египет.

Тоа што се извлекува како заклучок во книгата е дека Ирак со Хусен би бил многу подобра опција од тоа што денес се случува и Никсон на крајот ги цитира зборовите на Хусеин, кои потврдуваат дека човекот кој го нарекуваат диктатор е всушност претседател, кој премногу си ја сакал сопствената земја.

„Мисијата во Ирак ќе ви биде неуспешна. Не го знаете јазикот, не ја знаете земјата, не го знаете арапскиот поглед на светот и начинот на кој размислуваме,“ кажал Хусеин на самиот крај од испитувањето.

Историјата покажа дека тој бил во право!

Слично

Поврзани вести