ПРОПАЛЕСТИНСКИ ДЕМОНСТРАЦИИ ВО ПАРИЗ: Полицијата со водени топови ја растури толпата
Полицијата во Париз со водени топови ги растури пропалестинските демонстрации.
Многу од демонстрантите носеа палестински знамиња и плакати со пароли на солидарност со палестинскиот народ. Oколу 4.200 полицајци и жандармерија го одржуваат редот во Париз.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен во четврток донесе забрана за демонстрации поради растечките тензии на Блискиот Исток. Дарманен потсети дека ваквите активности предизвикаа немири во 2014 година и ги повика регионалните префекти да бидат будни и внимателни.
Претходно, Француско-палестинската асоцијација за солидарност повика на демонстрации во Париз на 15 мај за поддршка на Палестинците. И покрај официјалната забрана од властите, организаторите не го откажаа маршот.

Ракетни напади има во Појасот Газа неколку дена, при што има и цивилни жртви.
foto EPA
