Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пропаѓа ли планот на ЕУ за воведување ембарго за нафтата?

Пропаѓа ли планот на ЕУ за воведување ембарго за нафтата?

Брисел најверојатно се откажува од своите планови да и забрани на бродската индустрија на ЕУ да транспортира руска нафта „поради загриженоста на некои земји-членки за економското влијание на мерките“, објави хрватски „Индекс“ повикувајќи се на текст објавен утринава од „Фајненшл тајмс“.

Согласно информациите пренесени во Индекс, Европската комисија ќе го отфрли предлогот наменет за поморските прашања, кој беше воведен минатата недела, по жестокото лобирање на Малта и Грција. Како што пренесуваат медиумите, информациите се базираат на неколку извори запознаени со преговорите. 

Се посочува исто така дека удел во промена на ставовите има и Унгарија која ја повлече својата поддршка за забраната на ЕУ за увоз на руска нафта, дури и по разговорите меѓу Орбан и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

- Ситуацијата дополнително ја искомплицира Унгарија, која одбива да го поддржи ембаргото на руската нафта - пишува ФТ. Фон Дер Лејен, според Фајненшл Тајмс, се обидела да го убеди Орбан да го поддржи ембаргото, нудејќи му дополнително време и потенцијална финансиска поддршка.

Унгарија е меѓу земјите кои се надеваат на подолг период на постепено воведување на забраната, а исто така бара финансиска поддршка од ЕУ во транзицијата од руски фосилни горива кон инвестиции во алтернативна инфраструктура.

-  Будимпешта е исто така вознемирена што ќе стане многу зависна од нафтата испумпана од Хрватска преку ембарго - пишува Фајненшел тајмс.

Фон дер Лајен на Твитер објави дека нејзиниот разговор со Орбан бил „корисен за разјаснување на прашањата поврзани со санкциите и енергетската безбедност.

Слично

Поврзани вести