Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пропаѓа ли случајот за „Сараево Сафари“?! Италијанските обвинители немаат доволно докази за судење за „снајперски туризам“

Пропаѓа ли случајот за „Сараево Сафари“?! Италијанските обвинители немаат доволно докази за судење за „снајперски туризам“

Италијанските обвинители кои истражуваат наводи за „снајперски туризам“ во Сараево во текот на 1990-тите, во моментов немаат доволно докази за да побараат судење за кој било осомничен, изјави извор директно запознаен со случајот за Ројтерс.

Обвинителството во Милано започна истрага против пет лица поради тврдења дека Италијанците и другите странци платиле за да пукаат во цивили за време на опсадата на Сараево од 1992 до 1995 година. Истрагата беше започната минатата година, откако новинарот и автор Ецио Гавачен поднел кривична пријава во која се тврди дека богати странци патувале во воено разорената Босна и Херцеговина за да учествуваат во убиствени екскурзии.

Што беше пронајдено со претресот

Според изворот, меѓу петте осомничени има и милански аристократ кој, според сведоштвата собрани од Гавачен, наводно се фалел на вечера со поранешни соученици дека оди во Сараево за да „пука во луѓе“.

Сепак, обвинителите во моментов имаат само индиректни докази, без цврсти потврди. „Искрено кажано, во овој момент обвинителите не би можеле да бараат некој од осомничените да биде изведен пред суд“, рече изворот.

Обвинителот од Милано, Алесандро Гобис, кој ја води истрагата, и главниот обвинител Марчело Виола ќе се сретнат на 29 јуни во Луксембург со нивните белгиски и босански колеги во седиштето на Агенцијата на ЕУ за судска соработка (Еуроџаст) за да разговараат за случајот.

Патем, во последните денови италијанските карабинери ја претресоа куќата на еден од осомничените - 66-годишен поранешен општински службеник од Џенова, кој сега живее во покраината Алесандрија на северозападна Италија. Овој човек веќе бил испрашуван во претходните месеци, но потоа се бранел со молчење.

Претресот бил нареден откако неговиот поранешен партнер сведочел дека имал кошмари за она што наводно го сторил пред 30 години. Во таа прилика, полицијата запленила пригушувач и фотографија од снајперска пушка.

Од друга страна, посебен дел од истрагата за наводната скриена мрежа во Милано, која наводно ги организирала овие бизарни патувања, досега не даде никакви резултати. Италијанската истрага следеше по обвинувањата дека странци им платиле на припадници на војската на Република Српска за да им дозволат да учествуваат во „снајперски туризам“.

Остра реакција на германски новинар

Оваа вест предизвика реакции и во новинарските кругови, а угледниот германски новинар Михаел Мартенс, кој редовно известува за настаните на Балканот, проговори за целиот случај. Тој изрази отворен скептицизам за целиот наратив на социјалните мрежи.

„Погледнете ги чудата: Ројтерс објавува дека обвинителството во Италија „моментално“ нема доволно докази за да покрене судење за наводното „Сараево Сафари“ (богати туристи кои убиваат луѓе за забава). Секако дека не. Целата приказна е лоша шега“, рече Мартенс, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на целата афера.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести