Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДА НА АВСТРИЈА, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ШТО СЛЕДУВА! Најмалата партија се откажа

ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДА НА АВСТРИЈА, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ШТО СЛЕДУВА! Најмалата партија се откажа

Разговорите за формирање на новата влада на Австрија пропаднаа денеска откако најмалата од трите партии кои учествуваа во преговорите одлучија да си заминат.

АП пренесува дека преговорите се одолговлекуваат од октомври, кога австрискиот претседател Александар ван дер Белен побара од поранешниот конзервативен канцелар Карл Нехамер да формира нова влада.

Белен ја донесе таа одлука откако сите парламентарни партии одбија да соработуваат со Херберт Кикл, лидерот на ултрадесничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО), која за првпат освои најмногу гласови на изборите во септември.

Од есента, Нехамер се обидува да формира коалициска влада составена од неговата Австриска народна партија (ОВП), социјалдемократите и либералната партија Неос.

Се потсетува дека партијата на Нехамер и социјалдемократите заедно управуваа со Австрија во минатото, но сега имаат најмало можно парламентарно мнозинство со 92 од вкупно 183 пратеници, што се смета за ризик за опстанокот на кабинетот, поради што им требаше Неос.


Беате Мајнл-Рајзингер, претседателката на оваа либерална партија, денеска ги информираше Нехамер, шефот на социјалдемократите, Андреас Баблер и претседателот Ван дер Белен дека партијата „нема да ги продолжи“ преговорите за влез во новата влада.

Таа рече дека не е можно да се постигне напредок или да се обезбеди договор за „фундаментални реформи“.

Американската агенција наведува дека во моментов не е јасно што ќе се случува понатаму во Австрија.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести