Пропадна примирјето со Иран, Трамп порача дека преговорите се „губење време“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека привремениот договор со Иран повеќе не важи, откако Техеран изврши нови напади врз американски воени бази во Заливот.
Во изјава пред новинарите во Анкара, каде се одржува самитот на НАТО, Трамп порача дека веќе нема намера да се занимава со иранското раководство и оцени дека секој понатамошен обид за преговори би бил „губење време“.
Новата ескалација доаѓа само неколку недели по привремениот договор за прекин на огнот, кој требаше да отвори простор за трајно политичко решение и крај на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.
Според Ројтерс, тензиите повторно се зголемиле откако Иран соопштил дека нападнал американски воени објекти во Бахреин и Кувајт. Нападите следувале по американски удари врз ирански цели, кои Вашингтон ги поврзал со претходни напади врз танкери во Ормускиот Теснец.
Обновените непријателства веднаш се одразија и врз пазарите, при што цените на нафтата се искачија на највисоко ниво во последните две недели.
Засега нема јасни сигнали дали дипломатските канали целосно се затворени, но изјавата на Трамп дополнително ги намалува шансите привремениот прекин на огнот да прерасне во траен мировен договор.
