Пропадна обидот на португалската Влада да го наполни буџетот со продажба на слики
Продажбата на 85 слики од шпанскиот сликар Хоан Миро од страна на португалската Влада е стопирана. Владата сакаше да ги продаде сликите во обид да врати дел од парите вложени во пропаднатата БПН банка, која беше национализирана во 2008 година.
Сепак, аукцијата на сликите во сопственост на Банката и чија вредност се проценува на околу 50 милиони долари, денеска беше откажана од аукциската куќа „Кристи“ заради „спор пред португалскиот суд“. Продажбата на сликите по судски пат се обидува да ја спречи португалската опозиција, која тврди дека уметничките дела незаконски биле изнесени од земјата. Нивното барање беше одбиено од судот, но според „Кристи“ „создава правна несигурност заради која сликите не можат безбедно да бидат понудени на продажба“. „Се надеваме дека двете страни скоро ќе ги надминат несогласувањата“, соопштуваат од аукциската куќа. Највредното дело во колекцијата, сликата „Жени и птици“ се очекува да донесе некаде меѓу 6,5 и 11, 5 милиони долари. Пропаѓањето на БПН банката ги чинеше Португалците најмалку 3,4 милијарди евра.
Слично
