(ФОТО) ПРОНАЈДЕНО МЕСТОТО НА ПАДОТ НА АВИОНОТ: Извлечени повеќе од 40 тела од морето!
Индонезискиот воен брод извлекол повеќе од 40 тела од морето во текот на порагата за исчезнатиот авион „Ер Азија“, соопшти денеска портпаролот на морнарицата.
„Морнарискиот воен брод јавил дека воениот брод Бунг Томо, извлекол 40 тела и бројот расте. Многу сме зафатени сега“, рекол Манхан Симорангкир за агенцијата АФП.
Телата, оштетени но недопрени, се донесени на бродот на индонезиската морнарица, рекол шефот на Националната спасувачка служба кој додал дека на телата немало спасувачки елеци.
Извршниот директор на авиокомпанијата „Ер Азија“ Тони Фернандес , денеска им изразил сочуство на роднините на 162 патници и членови на екипажот на летот QZ8501 бидејќи остатоци од авионот и телата се воочени во морето.
„Срцето ми е полно со тага за сите семејства поврзани со (летот) QZ8501. Во име на „Ер Азија“, моето сочуство на сите. Зборовите не можат да изразат колку ми е жал“, напишал Фернандес на Твитер. Тој напишал дела тргнува во Сурабаја во Индонезија откаде авионот полетал во неделата и каде роднините на патниците и членовите на екипажот на авионот се собрале.
Првите тела на патниците и делови на малезискиот авион со летот QZ851, кој од радарот исчезнал во неделата, забележани се во морето, соопштила индонезиската армија.
„Еден човек го носеле брановите. Кога внимателно ја погледнав неговата фотографија на лаптопот, сфатил дека тоа е човечко тело“, изјавил неименуван поручник на индонезиското воено воздухопловсто за локалните медиуми, јавува „Раша тудеј“.
„Засега можеме да потврдиме дека авионот на „Ер Азија“ и дека министерот за сообраќај наскоро ќе отиде во Пангкалан Бун“, рекол директорот Џоко Мурџатмозо.
„Забележавме десетина големи и уште многу мали бели објекти на површината на водата. Локацијата е десет километри оддалечена од местото на последниот контакт со авионот. Не можеме точно да кажеме за што станува збор, но се молиме дека тоа-е тоа“, рекол портпаролот на војската Агус Дви Путранто.
Рано утрово е забележан чад на еден од островите во Јаванското море. Претставниците велат дека предметите кои потсетуваат на тобоганот за слетување во вонредни состојби, вратите на авионот и други објекти се видени денеска во Јаванското море. Претставник на воздухопловните сили на Индонезија Путранто рекол дека се воочени 10 големи објекти и многу помали бели објекти, кои се наоѓаат на околу 10 километри од локацијата каде радарот го фатил авионот.



