Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОНАЈДЕНО Е И ТЕЛОТО НА 18-ГОДИШНАТА ХАНА: Нуркачите го извлекоа и последното исчезнато лице од потонатата суперјахта

ПРОНАЈДЕНО Е И ТЕЛОТО НА 18-ГОДИШНАТА ХАНА: Нуркачите го извлекоа и последното исчезнато лице од потонатата суперјахта

Нуркачите го пронајдоа телото на последното исчезнато лице од суперјахтата што потона кај Сицилија, изјавија од италијанската крајбрежна стража за Sky News.

Хана Линч (18), ќерка на британскиот тајкун Мајк Линч, беше единствената личност чие тело не беше пронајдено.

Линч исто така беше пријавен за исчезнат кога јахтата потона, но неговото тело беше извлечено од остатоците во текот на вчерашниот ден, додека телата на уште четири жртви беа пронајдени во средата.

Што придонесе за потонувањето на јахтата?

Капетанот и поморски геодет Ед Гири рече дека има неколку потенцијални проблеми кои можеби придонеле за несреќата, пренесува Sky News.

Тој рече дека стабилноста на бродот зависи и од килот и дека продолжениот јарбол би ја намалил стабилноста на бродот, што би го олеснило превртувањето на јахтата.

Гири, исто така, ги оспори коментарите на извршниот директор на The Italian Sea Group, Џовани Костантино, кој рече дека бродовите како потонатата јахта се изградени за да бидат „непотопливи“.

- Тешко е да се разбере со оглед на тоа дека јахтата е 50 метри под површината на водата - рече тој и додаде дека се согласува со тврдењето на Константин дека екипажот требало да биде на штрек.

Јахтата под британско знаме, долга 56 метри и со 22 лица, 12 патници и 10 членови на екипажот, се преврте и потона за неколку минути во понеделникот откако беше погодена од невреме додека беше закотвена на брегот на северна Сицилија.

Друга јахта била закотвена во близина и не претрпела никаква штета.

фото: EPA-EFE/IGOR PETYX

Слично

Поврзани вести