Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пронајдениот накит од Лувр е круна што ѝ припаѓала на сопругата на Наполеон, Евгенија

Пронајдениот накит од Лувр е круна што ѝ припаѓала на сопругата на Наполеон, Евгенија

Француската министерка за култура, Рашида Дати, објави дека парче накит украдено од Лувр е пронајдено во близина на местото на грабежот.

Би-би-си пренесува повикувајќи се на француските медиуми, пронајдениот предмет е круна од 19 век што ѝ припаѓала на царицата Евгенија, но била пронајдена скршена.

Евгенија била сопруга на Наполеон III, кој владеел со Франција во тоа време.

Според веб-страницата на Лувр, круната е украсена со златни орли и покриена со 1.354 дијаманти и 56 смарагди.


Галеријата Аполо на музејот Лувр беше ограбена, а крадците, според официјалните лица, украле девет парчиња накит. Тие се во бегство, а музејот е затворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: 

ПРВИ ВИДЕА ОД ХАОСОТ ВО ПАРИЗ! Полицијата ја опколи зградата на Лувр, луѓето беа евакуирани - украден накит од Наполеон во вредност од милиони

Музејот Лувр во Париз затворен поради грабеж на „непроценлив накит“

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести