Пронајдена црната кутија на алжирскиот авион – што ќе открие?
Нема преживеани во авионската несреќа на авионот на „Ер Алжир“ кој се урна вчера во Мали, летајќи на релација Буркина Фасо - Алжир, потврди францускиот претседател Франсоа Оланд.
„Црната кутија“ на авионот е пронајдена и веќе е пратена на испитување. Регионот каде што се урнал авионот го обезбедуваат француски војници. Франција е заинтересирана да се откријат вистинските причини за авионската несреќа во која поголемиот дел од загинатите патници беа француски државјани.
„Она што го знаеме досега е дека остатоците на авионот се концентрирани на ограничен простор, но уште е рано да се изведуваат заклучоци. Има претпоставки, особено дека причина биле временските услови, но ние не отфрламе ниту една можност, бидејќи сакаме да дознаеме што точно се случило“, изјави Оланд.
На местото на несреќата веднаш биле испратени експерти од Канцеларијата за испитување несреќи при француското Министерство за сообраќај, кои ќе ја водат истрагата на терен.
Слично
