ПРОМЕНЕТИ ОДНОСИТЕ МЕЃУ БАЈДЕН И ЗЕЛЕНСКИ: Американскиот претседател жестоко се изнервирал по еден телефонски разговор
Американскиот
претседател, Џо Бајден го
информирал својот украински колега за пакетот од 1 милијарда долари кога
Зеленски побарал повеќе, објави NBC.
Откако Русија ја нападна Украина во февруари оваа година, претседателот Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараат по телефон секогаш кога САД најавуваат нов пакет воена помош за Киев. Но, телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери во јуни се одвивал поинаку од претходните, велат информациите од четири извори запознаени со повикот, пренесува „NBC News“.
Бајден едвај завршил со соопштувањето на Зеленски дека штотуку дал зелено светло за уште една милијарда долари американска воена помош за Украина, кога Зеленски почнал да ја набројува сета дополнителна помош што му била потребна, а не ја добил.
-Бајден ги загуби нервите поради тоа, велат запознаени со повикот. „Американскиот народ беше доста дарежлив, а нивната администрација и американската војска работеа напорно за да и помогнат на Украина“, рекол тој, наводно, кревајќи го својот глас и додавајќи дека Зеленски може да покаже малку повеќе благодарност.
Извор запознаен со разговорот рече дека Бајден бил директен со Зеленски за решавање на проблемот преку соодветни воени канали, но дека разговорот не ескалирал. Портпаролот на Советот за национална безбедност одбил да ја коментира приказната, а портпаролот на Зеленски не одговорил на барањето за коментар, пишува „Ен-би-си“.
