Пролетна берзанска жетва – историски максимум на Њујоршката берза
Историски максимум на Њујоршката берза синиќа достигна Индексот Стандард и Пурс 500. На крајот на берзанското тргување достигна ниво од 1.588 индексни поени.
Досега рекорното највисоко ниво од 1.576 индексни поени Стандард и Пурс 500 го оствари во 2007 година, односно пред избувнувањето на глобалната економска криза.
Покрај Стандард и Пурс, на вчерашното берзанско тргување на Волстрит порасна и индустрискиот индекс Дау Џонс и тоа за 125 индексни поени на 17.799 поени, што претсставува негов најголем дневен раст во последниве шест недели.
Растот на вредностите на индексите на Берзата во Њујрок следи по минатонделениот пад на довербата на инвеститорите, предизвикан од неповолните податоци за состојбата на пазарот на трудот во САД и од показателите за забавување на растот на американската економија во текот на март. Поволните движења сега оставаат простор за нови подобрувања во екот на пролетната берзанска жетва, сметаат аналитичарите.
Слично
