ПРОКОЛНАТ ДАТУМ - НА ИСТ ДЕН МЕКСИКО СИЛНО СЕ ТРЕСЕ, земјотресот во 1985 година уби илјадници, се тресеше во 2017 година и вчера...
Мексико вчера беше погодено од силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала. Досега како што соопштија властите загинати се две лица, но се стравува дека може да има уште загинати, а од земјотресот беше предизвикано и цунами.
Медиумите потсетуваат дека на 19 септември, Мексико било погодено од силен земјотрес дури три пати. Во 1985 година во разорниот земјотрес животот го загубиле најмалку 5.000 луѓе. Во 2017 година во Мексико повторно имало силен земјотрес во кој загинале 370 луѓе. Вчера, на истиот датум, земјата повторно се соочи со нов удар.
На 19 септември 1985 година, Мексико Сити бил погоден од разорен земјотрес со магнитуда од 8 степени по Рихтерова скала, неколку минути по седум часот. Делови од земјата се треселе цели пет минути, метрополата Мексико Сити нешто повеќе од три минути. Тој беше почувствуван и во Хјустон и Лос Анџелес. Се верува дека од тој страшен земјотрес загинале најмалку 5.000 луѓе, а според неофицијални проценки има повеќе од 10.000 загинати.
Меѓу сцените кои најмногу се врежани во сеќавањето на жителите на Мексико секако е и колапсот на болницата Хуарез во главниот град на Мексико. Таму под урнатините животот го загубија вкупно 561 лице. Дури 188 од нив не можеа да се идентификуваат. Иако веднаш започнала спасувачка акција, првите дена биле успешни, но како што одминувало времето спасувачите од урнатините извлекувале само тела на починатите...
Но, се случи и нешто што денешниот ден во Мексико го опишуваат како чудо. Од урнатините се извлечени 16 новородени бебиња, од кои 14 преживеале. Некои од новородените деца седум дена биле во урнатините...
- Болницата ги „посвои“ и се грижеше за нив. И многу донатори се обидоа да се погрижат овие деца да имаат пристоен живот - изјавија лекарите за странските медиуми пред неколку години.
Точно 22 години по овој земјотрес во кој загинаа илјадници животи, Мексико повторно се стресе. Епицентарот бил во Пуебла, со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, загинале 370 лица, од кои повеќе од 200 биле во Мексико Сити. Повеќе од 6.000 луѓе беа повредени. Извесен период околу пет милиони Мексиканци останаа без струја поради уривање на далноводи.
Во земјотресот загинаа и десетици студенти и професори. Не успеале да побегнат пред да се урнат училиштата...
И пет години по тој кобен 19 септември 2017 година, Мексико повторно беше сериозно потресен. Според досегашните извештаи, две лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,7 степени.
- Овој ден се чини дека е опседнат. Како поинаку да се објасни. Мора да се плашиме од тој ден – изјавија за медиумите неколку Мексиканци.
Фото: 24часа.хр
