ПРОКЛЕТСТВОТО НА КЕНЕДИЕВИ: Пронајдено и телото на детето
Мртвото
тело на правнукот на Роберт Ф. Кенеди е пронајдено во заливот Чеспик, два дена
откако изчезна со неговата мајка додека веслале кану. Телото на 8-годишниот
Гидеон Меккин е извлечено на само 600 метри од местото каде во понеделникот
беше пронајдено безживотното тело и на неговата мајка Мејв Кенеди Меккин.
Последен пат се видени во минатиот четврток, како влегуваат во кануто близу куќичката во која престојувале.
Повеќе од 5 дена спасувачките екипи ги бараа телата на исчезнатите. Мејв е ќерка на поранешната гувернерка Кејтлин Кенеди и внука на Роберт Кенеди кој е убиен 1969 година.
Слично
