Производтсвото на познатите француски вина под ризик
Невремето проследено со силни врнежи од град кои во последните неколку денови ги зафатија француските области остави тешки последици за деловите со лозови насади, поради што постои ризик да се намали производството на вино оваа година.
Илјадници хектари на лозови насади на Ридовите на Бургоњ, Поммар, Волне во Бургундија, Меѓу двете мориња, Ридовите на Кастијон во регионот на Бордо, Воре во Божеле беа силно оштететни од градот, а на некои места целосно уништени. За среќа насадите на најпознатите француски вина во Бордо, Шампањ и Алзас се поштедени од градот.
Саmо во текот на минатиот викенд околу 37.000 хектари на винови насади беа погодени во регионот на Бордо, каде 7.000 хектари претрпеа загуби од 80 до 100 проценти од призводството. Француската Влада најави помош за лозарите.
