Производството на нафта во Иран на најниско ниво
Како последица на ембаргото на ЕУ за увоз на нафта од Иран, иранската економија во 2012 година забележа загуба од 40 милијарди долари, соопшти Меѓународната агенција за енергетика. Според оценката на ИЕА, производството на нафта во Иран лани спаднало на најниско ниво во последните 30 години на 2,65 милиони барели дневно. Пред воведувањето на санкциите на ЕУ, Иран произведуваше 3,7 милиони барели дневно, а во средина на минатата деценија дневното поизводство на енергенсот достигнуваше и до 4,2 милиони барели.
Слично
