Економија, финансии, бизнис

Контакт

Производството на кафе во Бразил погодено од катастрофални суши

Производството на кафе во Бразил погодено од катастрофални суши
Бразил, најголемиот производител на кафе, годинава ќе ја одбележи со значително пониска жетва од 2013 година поради катастрофалните суши, соопштија во вторникот бразилските национални извозници на кафето Конаб. „Првите проценки од овогодинешниот род покажуваат дека Бразил ќе ожнее помеѓу 44,11 и 46,61 милиони вреќи кафе од по 60 килограми“, се наведува во соопштението на Конаб, од каде додаваат дека е можно варирање на податоците за 2,7 отсто во двете насоки. Производството на кафето „арабика“ ќе достигне помеѓу 32,5 и 34,4 милиони вреќи, што пак е раст од 0,6 до 6,5 отсто, а тоа е резултат на фактот што производителите посеале поголеми количини од овој тип во регионите на Бразил. Производството на кафето „робуста“ (кафе со низок квалитет“, според податоците во соопштението на Конаб, е во опаѓање, поради големите суши кои го зафатија Бразил изминативе десет години. Бразил, со околу 290.000 одгледувачи на кафе, произведува една третина од вкупната количина на кафе во светот.
Слично

Поврзани вести