ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА БРЕНДОТ МАРТИНС ДАВА НОВА УСЛУГА: Поправка на светски познатите чевли
Компанијата Др Мартинс
планира да лансира услуга за поправка на чевлите во Велика Британија во октомври, бидејќи се обидува да ја подобри
нивната одржливост, да ги
охрабри клиентите да го продолжат животниот век на нивните обувки и да создадат
нов извор на приход.
Производителот на кожни чизми, чевли и сандали во моментов ја тестира услугата со своите вработени, изјави главниот извршен директор Кени Вилсон. Лансирањето во Обединетото Кралство е пилот проект со цел да се прошири услугата во континентална Европа.
Дури и ако услугата за поправка потисне дел од побарувачката бидејќи луѓето се одлучуваат да ги поправат своите чизми наместо да купат нов пар, Вилсон рече дека услугата генерално ќе донесе придобивки.

- Секоја недела добивам писма од луѓе кои ме прашуваат дали можат да го дадат својот пар чевли на поправка - призна тој.
Др Мартинс работи со The Boot Repair Company во градот Лидс во северна Англија за да понуди поправки.
За да се заменат истрошените ѓонови на пар чизми, процедура која бара целосно расклопување, корисниците би платиле 81 фунти, рече Вилсон, додека другите поправки најверојатно би биле поевтини.
фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV