Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ВАКЦИНИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ДОНАЦИИ ЗА СИРОМАШНИТЕ - БАРААТ „КОМПЕНЗАЦИЈА“: Големи количини ќе мора да бидат уништени

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ВАКЦИНИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ДОНАЦИИ ЗА СИРОМАШНИТЕ - БАРААТ „КОМПЕНЗАЦИЈА“: Големи количини ќе мора да бидат уништени

Германија има повеќе вакцини отколку што треба и сака да ги донира на посиромашните земји. Но, производителите на вакцини се противат - и бараат пари. А тоа е овозможено со договорите што ги склучија со ЕУ, пишува денеска Дојче Веле.

Германската влада стравува дека наскоро ќе мора да уништи големи количини вакцини против коронавирусот. Беше најавено и штотуку потврдено дека Германија ќе го донира својот вишок вакцини на сиромашните земји во рамките на иницијативата на Обединетите нации - Ковакс - и до крајот на годината ќе испорача 100 милиони дози од вакцината.

Сепак, Германија досега донирала само 17,6 милиони дози од АстраЗенека. Најголеми приматели се Виетнам со 2,6 милиони, а потоа следат Украина, Египет и Гана со по 1,5 милиони дози, соопшти германското Министерство за здравство, пренесува весникот „Велт“.

Производителите на други вакцини јасно наметнуваат услови кои го оневозможуваат донирањето на вакцините во посиромашните земји.

Производителите на вакцини имаат право на вето

Државниот секретар Томас Штефен го критикуваше однесувањето на производителите на вакцини, што не ја погодува само Германија: „Наскоро ќе се соочиме со ситуација во која некои земји треба да уништат големи количини вакцини кои итно им се потребни на другите земји“.

Договорите склучени од Комисијата на ЕУ со производителите на вакцини минатата година им даваат на овие компании де факто право на вето кога вакцините се дистрибуираат во трети земји. Тоа значи дека производителите треба да се согласат со оние договори за донации што, на пример, Германија ги склучува со друга земја.

Некои компании очигледно бескрупулозно ја користат можноста за вето. Во споменатиот допис Штефан вели дека производителите „ги диктираат минималните цени“ или бараат од примателите „прекумерна компензација за разликата во цената“.

Исто така е „неприфатливо“, пишува Штефен што овие фармацевтски компании се обидуваат да забранат дистрибуција на вакцини преку меѓународни организации. На пример, меѓународните организации како што се Лекари без граници се вклучени во кампања за вакцинација во африканските земји.


Слично

Поврзани вести