Економија, финансии, бизнис

Контакт

Производите од ЕУ во иднина ќе бидат Made in Europe

Производите од ЕУ во иднина ќе бидат Made in Europe
Производите кои ќе се произведуваат во Европската унија во иднина ќе мора на декларацијата да имаат земја на потекло, а на етикетата ќе мора да стои ознаката Made in Europe. Комитетот за внатрешен пазар на ЕП го поддржа предлогот да бидат означени непрехранбените стоки за широка потрошувачка, за подобра контрола квалитет и стандарди за безбедност. Идејата е да се воведе обврска во рамките на целата Европска унија, а сите производи ќе треба да се означени со земјата на потекло. Европски производители ќе бидат во можност на етикетата да означат „Произведено во Европа”, а ако производството се врши во неколку земји, на етикетата ќе биде онаа во која се врши најголемиот дел од работата.
Слично

Поврзани вести