ПРОГОВОРИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА УБИЕНИОТ АМЕРИКАНЕЦ НА ЗАКИНТОС: Сакаме правда и убијците да бидат зад решетки
Родителите на Бакари Хендерсон, момчето кое беше свирепо убиено на Закинтос, соопштија дека ангажирале адвокат, дека ќе присуствуваат на судењето и дека, преку платформата „GoFundMe“, собрале повеќе од 100 000 долари за покривање на трошоците.
Во првото интервју по смртта на синот, родителите на убиениот Американец Џили и Фил Хендерсон не ги именувале српските државјани како сторители на злосторство, но новинарката на американската тв мрежа „CBS“ Гејл Кинг навела дека нивниот најмлад син е убиен по караница во „еден српски бар“ , како и дека една девојка во изјава за полицијата рекла дека караницата почнала кога таа побарала селфи со Хендерсон, по што Србин ја запрашал: „Зошто разговараш со црнец“ и го удрил Хендерсон во лице.
Родителите на Хендерсон меѓутоа, наведуваат дека не знаат како дошло до тепачката.
„Можеби се случило поради тоа што тој е Американец, а се резултирало со трагедија на еден црн Американец“, рекла неговата мајка Џили на прашањето дали е во прашање расизам или „само нешто излегло од контрола“.
Таа вели дека предчуствувала дека нешто не е во ред кога видела пропуштен ноќен повик од американската амбасада.
„Се надевав дека го пронашле неговиот паричник или нешто слично. Беше тоа повик во глува доба од ноќта, такви работи не сакате , само се надевате дека не е ништо страшно, дури се помоливме пред да го повикаме“, додава таа.
Семејството Хендерсон вели дека Бакари сакал да патува, како и дека надвор од татковината се чувствувал многу побезбедно поради „климата која во САД владее кон младите Афроамериканци“, изјавила неговата мајка.
