ПРОГНОЗА НА УНХЦР: Дали е можно милион бегалци да се вратат во Сирија на почетокот на 2025 година?
Од Турција и Либан неколку илјади сириски бегалци се вратија дома по падот на претседателот Башар ал Асад, кој пред десетина дена побегна во Русија.
Директорката на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) за Блискиот Исток, Рема Џамус Имејсис, денеска изјави дека организацијата очекува околу еден милион сириски бегалци да се вратат во Сирија во првите шест месеци од 2025 година.
Таа ги повика земјите да не почнуваат процеси на присилна депортација на бегалците назад во Сирија.
„Се надеваме дека некаде околу милион Сиријци ќе се вратат помеѓу јануари и јуни следната година, па затоа го споделивме овој план со донаторите, барајќи ја нивната поддршка“, изјави Џамус Имејсис.
Австрија нуди 1.000 евра за да можар бегалците да си одат дома во Сирија.
Слично
