Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОГЛАСЕНА Е ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МЈАНМАР: се очекуваат илјадници смртни случаи - страшни снимки (ФОТО/ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА Е ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МЈАНМАР: се очекуваат илјадници смртни случаи - страшни снимки (ФОТО/ВИДЕО)

Мјанмар утрово беше погоден од два разорни земјотреси. Првиот беше 7,7 степени според Рихтеровата скала, а потоа беше регистриран втор со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. 

Според очевидци, земјотресите траеле долго. Земјотреси се почувствувани и во Индија, а во Тајланд се урна облакодер во Бангкок.

Воената хунта во Мјанмар соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, и дека луѓето треба да бидат свесни дека се можни дополнителни потреси во следните шест часа.

Вонредна состојба е прогласена во градовите и регионите Сагаинг, Мандалеј, Магвеј, североисточниот дел на државата Шан, Баго и Најпидау. Според очевидци, има многу урнати згради, вклучувајќи хотел, мост, градинки и станови во Мандалеј, Сагаинг и во јужниот дел на државата Шан.


Корисниците на социјалните мрежи во кинеските провинции Јунан и Гуангкси, кои се граничат со Мјанмар, напишаа дека и тие го почувствувале земјотресот.

Најмалку две џамии се урнаа во Мјанмар за време на утринската молитва, а се стравува дека се убиени десетици луѓе, меѓу кои и деца.

Во главниот град на Тајланд, Бангкок, најмалку две лица загинаа кога се урна облакодер во изградба.


Скај њуз јавува дека не се знае колку работници останале затрупани под урнатините.

Спасувачите соопштија дека извлекле седум преживеани.

Застрашувачко видео од дом во градот Мандалај, Мјанмар. Работите летаат насекаде. Гардероби и кревети се отвораат и се лулаат, прозорците пукаат, вратите се отвораат. Сè лета низ куќата.

Властите на Мјанмар oбјавија итна крводарителска акција поради големиот број повредени во земјотресот што денеска ја погоди земјата.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди регионите Сагаинг, Мандалај, Магвеј, како и североисточните држави Шан, Најпидау и Баго.

Во соопштението на Државниот административен совет на Мјанмар се наведува дека бројот на жртви и повредени е голем.

Поради итната потреба од крв, властите ги повикаа дарителите веднаш да контактираат со болниците и да даруваат крв.


Медиумите објавија дека земјотресот бил почувствуван и во Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина. Од Руската амбасада во Мјанмар изјавија дека не добиле извештаи за руски жртви

Фото: EPA-EFE/NARONG SANGNAK

           EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT
Слично

Поврзани вести