Профитабилен бизнис: Одгледување тарантули!
Одгледувањето пајаци од видот тарантула стана профитабилен бизнис за Чилеанскиот агроном Хуан Пабло Орелан. Имено, на неговата фарма во Чиле тој има по 30.000 тарантули годишно, кои потоа се продадени низ целиот свет, главно во САД, Азија и Европа.
Цената на еден тарантула на оваа фарма е 25 долри плус превоз. Сепак, некои видови се одгледуваат во Бразил и други земји од Латинска Америка и имаат цена до 80 долари.
„За мене, најубаво хоби беше потрагата по пајаци во ридиштата на Сантијаго", вели Орелан. Во Чиле, постојат 11 видови класифицирани тарантули, но агрономот тврди дека познава 20 видови.
Кога тој ја наполнил куќата со пајаци, основа компанија за одгледување и продажба на тарантулите. Компанијата напредуваше со таков успех што тој наскоро ги вработи сите членови на семејството. Во последниве месеци, на фармата има и научници кои ги 0истражуваат можностите на употреба на чилеански пајаци во борбата против ракот.
Во светот постојат над 800 видови на тарантула, и еден од најпопуларните видови за домашни миленици е Чилеанската ружа (Grammostola rosea).
Да се порасне една тарантула треба две и пол до три години.
Но и тука, како и со било кој профитабилен бизнис, неизбежната приказна е црниот пазар. Со недозволена трговија и шверц на тарантули преку границата ова е ивор на приходи за многу жители на тропските и суптропските земји.
Слично
