Професорот кој предвиде дека Трамп ќе победи му предвидува и импичмент
Професорот по историја Алан Лихтман беше еден од ретките кој успешно предвиде дека Доналд Трамп ќе стане 45-от претседател на САД иако сите анкети го тврдеа спротивното. Сега Лихтман предвидува и како ќе заврши неговиот мандат, а тоа е со импичмент од страна на американскиот Конгрес.
Целиот свој живот Трамп ги изигруваше законите и правилата, тој водеше нелегална добротворна организација во Њу Јорк и правеше нелегални донации за кампањата. Го искористи здружението за своите бизнис долгови, па треба да се соочи со законот за Рекетарство и корумпирани организации, посочува Лихтман.
Професорот точно ги предвидуваше победниците на американските избори од 1984 па наваму преку свој систем на оценување, но за Трамп не можел да состави реални податоци бидејќи кандидатот често ги менуваше своите позиции и постојано запаѓаше во контроверзни скандали.
