Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професорка од Израел, земја лидер во имунизација: За колективен имунитет треба да се вакцинираат и децата и тинејџертите

Професорка од Израел, земја лидер во имунизација: За колективен имунитет треба да се вакцинираат и децата и тинејџертите

Иако се лидери по вакцинацијата, во Израел сметаат дека се уштѕе се далеку од колективниот имунитет. 

За да се достигне колективниот нимунитет во таа земја ќе биде неопгходно поголем дел од популацијата да стане имун на коронавирусот. 

Ова го изјавила директорката на одделот за инфективни болести во израелскиот медицински центар Шеба, професорката Гили Регев Јохај.

Според неа, сега кога секој инфициран со новиот вирус заразува повеќе луѓе поради новите соеви, 80 до 90 отсто од населението мора да биде имуно, а тоа значи дека мора да се вакцинираат и децата и тинејџерите.

„Сега, за жал, гледам дека колективниот имунитет сè повеќе се оддалечува и тоа значи дека ќе мораме да живееме со коронавирусот некое време. Барем до летото нема да може да ги тргнеме маските“, кажа Регев Јохај.

Во меѓувреме функционери на израелското министерство за здравство предупредија да не се отвораат училиштата бидејќи е голема стапката на зараза меѓу учениците, и дека тоа само би довело до поголемо ширење на британскиот сој од 70 отсто на 90 отсто од случаите на зараза.

Ако вирусот продолжи да мутира и стане отпорен на вакцините кои сега постојат, можеби ќе биде потребна трета доза за имунизација од тие соеви, кажа шефот на израелскиот кабинет за коронавирусот Нахман Аш. Тој додаде дека таа опција не е релевантна во непосредна иднина но дека подоцна би можела да се разгледа.

Слично

Поврзани вести