Професор ги терал учениците да пресметаат колку бегалци треба да фрлат в море
На професор по физика во една од гимназиите на северот на Полска му се заканува отказ, откако на учениците им дал задача да пресметаат колку сириски бегалци мора да фрлат во море од сплавот за да допловат до брегот на Грција, јавува полската телевизија ТВН24.
„Четири бегалци од Сирија се обидуваат да стигнат до Грција на сплав со димензии 1 на 2 метри на 20 сантиметри. Пресметај колку бегалците треба да се турнат од сплавот во морето за да се доплови до целта, ако секој има 60 килограми“, гласела задачата.
Ова го пријавиле кај директорот неколку родители, а после тоа на професорот му изрекле опомена пред отказ.
Професорот се правдал дека само сакал да го привлече вниманието на учениците.
„Пред тоа имаа задачи во кои требаше да го изградат сплавот, па некако логично оваа задача произлезе од нив. Тоа нема никаква врска со некаков мој расистички пристап. Немам ништо против бегалците, радо би видел луѓе од различно потекло во Полска, доколку тие сакаат да живеат тука“, изјавил професорот за полската телевизија.
Слично
