Економија, финансии, бизнис

Контакт

Професии со најбрз раст на платите во САД се овие

Професии со најбрз раст на платите во САД се овие

Неколку професии во САД се радуваат на највисок скок на платите, покажува истражувањето на сајтот за критика од работодавците и индустрии Glassdoor.

Истражувањето се базира на тековните податоци од август 2017 година a е изготвено врз основа на анонимни рецензенти за платите на специфични професии, за одредени бранши и за компании.

Цитирано од Business Insider ви презентираме девет професии со највисок раст на платите на годишна база - сигурно над 2%, што е просек.

Професите се:

Производители на медиумски продукции, филмови, радио емисии. На годишна основа, нивниот раст на приходите изнесува 3,5%. Во просек, тие заработуваат 52.935 долари.

Касиери во продавници. Нивниот раст изнесува 3,7%, а просечниот приход бил 27,701 долари.

Фармацевтски техничари. Тие им помагаат на фармацевтите преку пишување на препишаните лекови за пациентите. Раст: 3,7%, просечна плата - 30,592 долари.

Готвачи во ресторани. 4,7% / 28,628 долари.

Вработени во банка кои работат директно со клиенти во филијали и канцеларии. 4,9% / 28,636 долари.

Специјалисти за регрутирање - помошни индустрии идентификуваат и регрутираат нови вработени. 5,2% / 50,483 долари

Осигурителни агенти што продаваат полици. 5.7% / 43.652 долари

Бармени во кафулиња- 5,7% / 24,194 $

Возачи на камиони. 5.7% / $ 52.079

Слично

Поврзани вести