ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ КУЌА ЛОЦИРАНА ДО АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ: Нова екплозија неколку часа по предупредувањата, има загинати и повредени
Најмалку две лица
загинаа во експлозијата во Кабул, а три се повредени, пренесува Ал Арабија,
повикувајќи се на авганистанската новинска агенција Асвак. Според очевидци, жртвите
се жени и деца.
Функционер на неодамна соборената влада за АФП изјави дека се работи за проектил што, според првите информации, удрил во куќа лоцирана веднаш до аеродромот.
Агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на извор во полицијата, пренесува дека експлозијата била предизвикана од ракетен напад. Американскиот воен персонал, наводно, извршил контролирани експлозии на опрема и објекти во последните денови, и не е познато дали тоа е причината за најновата експлозија.
Само неколку часа откако американскиот претседател Бајден рече дека најверојатно ќе има нови напади на аеродромот во Кабул во следните 24 до 36 часа, амбасадата на САД во Кабул, повикувајќи се на специфична и веродостојна закана, ги повика американските граѓани да ја напуштат областа на аеродромот.
Updates:
— Shafi Karimi (@karimi_shafi) August 29, 2021
A house near to Kabul airport hit by a rocket. pic.twitter.com/t3Ue3AXD0s
