Проект вреден милијарда долари, во Лондон ќе се гради азиско бизнис пристаниште
Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон ќе склучи договор за 1 милијарда долари со кинеска градежна компанија која ќе треба да го преобрази историско пристаниште во британската престолнина во „азиско бизнис пристаниште", објави „Financial Times“.
Планот со кој „Advanced Business Park“ (ABP) ќе создаде канцелариски комплекс со површина од над 325 илјади квадратни метри на пристаништето „Royal Albert" е најголемата зделка на овој градоначалник во Лондон, а воедно и една од најголемите кинески инвестиции во Велика Британија.
Џонсон објави дека проектот, кој ќе се протега на површина од 35 хектари во Источен Лондон, ќе го претвори овој дел во трета финансиска област во главниот град и ќе биде влез за кинеските инвеститори кон Запад.
Се очекува на церемонијата на потпишување на договорот да присуствуваат претставници на 20 кинески банки. Според плановите поголемиот дел од површините ќе бидат зафатени од канцеларии, а 10% ќе бидат одвоени за домување, деловен простор и ресторани. Проектот ќе биде спроведен во следните 10 години во 4 фази, а првата се очекува да заврши во 2017 година.
Некои градежни компании изразуваат стравувања дали „ABP“ ќе успее да направи пари од проектот, за што се проценуваат дека ќе бидат поставени доста високи кирии, за да се оправда инвестицијата од 1 милијарда долари. Од „ABP “сепак најавија дека ќе воведат необичен модел за рентање на пазарот на комерцијални недвижности во Лондон, па ќе продаваат договори за закуп со рок до 175 година.
„ABP“ планира во комплексот да има мини град кој ќе функционира 24 часа, за да може да се одговори на потребите на азиските компании. Друга предност е дека проектот ќе се наоѓа во близина на аеродромот во Лондон, која обезбедува пристап до Европа, како и до железничките врски.
Слично
