Продолжуваат преговорите Украина-Русија, Лавров објави што е сега „на маса“
Позициите на Русија и Украина во мировните преговори звучат пореални, но потребно е повеќе време, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето доцноноќно обраќање до нацијата.
„Средбите продолжуваат и, како што ми рекоа, барањата веќе звучат пореално. „Но, ќе биде потребно извесно време за да се донесат одлуки кои ќе бидат во интерес на Украина“, рече Зеленски во своето обраќање.
Претходно, високиот украински функционер Михаило Подољак, кој беше член на преговарачкиот тим, изјави дека разговорите со Русија биле многу тешки и дека во нив има суштински несогласувања, но дека има простор за компромис.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција во вторникот изјави дека се водат преговори за „неутралниот воен статус на Украина, во контекст на безбедносни гаранти за сите учесници во процесот и за демилитаризација на Украина“, објави руската новинска агенција Интерфакс.
Денеска се очекува нова рунда преговори.
