Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОДОЛЖУВААТ МАКИТЕ НА МИГРАНТИТЕ: Во бродолом кај Лампедуза седумина се удавија, има и една трудница

ПРОДОЛЖУВААТ МАКИТЕ НА МИГРАНТИТЕ: Во бродолом кај Лампедуза седумина се удавија, има и една трудница

Во близина на италијанскиот остров Лампедуза, седум мигранти се удавија синоќа, а 46 беа спасени од крајбрежната стража.

Меѓу удавените има четири жени, една е во поодмината бременост, пренесува Анса. Според извештаите на хуманитарните организации, жените мигранти кои доаѓаат во Европа од Африка биле силувани во секоја фаза од нивното патување.

Покрај мигрантите, кои беа спасени по бродоломот на само пет милји од брегот, во Лампедуза во текот на ноќта пристигнаа и други чамци со вкупно 256 лица од различна националност. Лампедуза е најјужниот италијански остров, припаѓа на архипелагот на Сицилија и е поблизу до Африка отколку на европскиот континент. Затоа овој остров, долг 20 километри, е најчеста мета на очајните луѓе кои се обидуваат да стигнат до безбедни пристаништа во Европа преку Средоземното море.


Слично

Поврзани вести