Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжување на дипломатијата на нафтен погон

Продолжување на дипломатијата на нафтен погон

Испораката на нафта по повластени цени, со одложено плаќање и ниска камата, е дел од петролдипломатијата која на Каракас му овозможува поддршка на пријателите во Латинска Америка.

Го нема повеќе Уго Чавез, но неговиот наследник Николас Мадуро само што се врати од турнеја по јужниот брег на Латинска Америка, Уругвај, Аргентина, Бразил, каде и лично гарантираше продолжување на дипломатија на нафтениот погон, каква што спроведуваше неговиот славен претходник 14 години.

Наспроти проблемите во кои се наоѓа венецуелската нафтена компанија, претходно на самитот на карипските земји во Каракас, објави дека ќе го продолжи она што на регионално ниво го почнал Чавес. Венецуела продолжува и ја надополнува совршената формула на енергетска, финансиска, економски продуктивна, културна и политичка интеграција – дефинираше поранешниот министер за надворешни работи, во кого Уго Чавес имал целосна доверба.

По утврдениот систем, 40 отсто од актуелната цена на продадената нафта, купувачите ја исплаќаат во рок од 90 дена. Исплатата може да биде во готово или во земјоделски производи, основни животни намирници, кои хронично недостигаат на нафтоносната Венецуела. Остатокот од долгот со двегодишен грејс период се исплатува на рати во тек на 25 години, со каматна стапка од еден отсто. Земјите опфатени со оваа поволна трансакција за возврат го поддржуваат венецуелскиот пат во социјализам и во своите држави развиваат сродна левичарска идеологија. Оваа идеолошка ставка не е опфатена со официјален договор, но таа се подразбира.

Од 2005 година земјите опфатени со програмата Петрокариби, акумулираа долг од 20 милијарди евра, според податоците на венецуелската Централна банка. Најголем должник е Доминиканската Република која на Каракас должи три милијарди долари, Вкупно 18 земји ги уживаат овие фантастични енергетски повластици. Освен Куба, која како омилена замја на Уго Чавес, има најповолен режим на солидарност, тука се Никарагва, Хондурас, Гватемала... .

Секоја од нив, осве Куба, има свој глас во Организацијата на американските држави ОАД и подразбира дека ќе гласаат во прилог на официјален Каракас, ако се поведе расправа за состојбата на човековите права или демократските слободи во Венецуела.

На новиот претседател на Венецуела поддршката од регионот му е многу потребна. Не се работи само за вербална размена на комплименти, во момент кога опозицијата упорно ја негира легитимноста на Николас Мадуро, туку за итна испорака на храна, за да се дополонат празните рафтови во самопослугите. Неизвесноста предизвикана од тешката болест Уго Чавес го доведе до постојан хаос на пазарот, па недостигот на основните животни намирници, масло за јадење, брашно, ориз, шеќер и млеко, е уште поголем.

Поради неодржување на електричната мрежа чести се долги прекини на струја, а вадењето на нафтата е во застој бидејќи машините не се одржуваат редовно. Цените во април пораснаа, инфлацијата на месечно ниво беше 4,3 отсто, додека цените на храната само во април се зголемени за 6,3 отсто.

Мадуро, заминувајќи на петротурнејата, рече дека пред се оди преку пријателите да обезбеди храна за земјата која има голем недостиг на храна. Венецуела увезува 70 отсто намирници, а многу договори се замрзнати во текот на болеста на Чавес. На Мадуро подмачкувањето со нафта му е подеднакво потребно и на внатрешен план. Во услови кога опозицијата доби само 225.000 гласови помалку од него, Мадуро мора да докаже дека доследно ќе ја спроведува социјалната програма, ќе исплатува пензии, ќе обезбеди кров над глава за сиромашните, образование и здравство. А нафтата која е потребна и за надворешна и за внатрешна употреба, е се помалку

Слично

Поврзани вести