Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжуваат протестите во Турција, на помош пристигнуваат синдикатите?

Продолжуваат протестите во Турција, на помош пристигнуваат синдикатите?
Иако со намален интензитете протестите во Турција продолжија и денеска. Илјадници демонстранти излегоа на улиците и плоштадите во Анкара и Истанбул како знак на револт на владините политики на Реџеп Таип Ердоган. На плоштадот Таксим демонстрантите бараа оставка од Ердоган и уште еднаш побараа Владата да се откаже од плановите за градење во паркот Гези во Истанбул и да ги разреши од должност шефовите во полицијата кои се одговорни за насилствата за време на неколкудневните протести. Агенцијата  „Анатолија“, јави дека полицијата уапсила 25 лица, од кои 9 во Измир, се товарат дека преку социјалната мрежа  Твитер,, поттикнувале немири бидејќи повикувале на протести. А во реонот на Бешикташ, во близина на канцеларијата на турскиот премиер, уапсени се педесетина лица. На средината на елитната улица, опкружена од амбасади и згради од османлиската ера, на речиси два метра височина се издигаат искривени парчиња метал, а наоколу се расфрлани остатоци од нив. Тоа се лузните од тековните протести во Истанбул и од судирите меѓу демонстранти и полиција, пишува „Wall Street Journal“. Секоја ноќ од почетокот на антивладините протести,  илјадници турски граѓани доаѓаат тука за да го чуваат импровизираните барикади од контејнери, опожарени автомобили и скршени стакла со цел да не им дозволат на органите на редот да стигнат до најблискиот плоштадот -Таксим. Денеска тие на помош ги повикаа и работничките синдикати. Медиумите јавуваат во Анкара протестираат околу 10 илјади луѓе кои носат беџеви со ликот на Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција.
Слично

Поврзани вести