Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжуваат проблемите во нуклеарката „Фукушима“

Продолжуваат проблемите во нуклеарката „Фукушима“

167 тони радиоактивна вода истекле од подземните резервоари на нуклеарната  централа „Фукушима“, загадувајќи го околното земјиште, соопшти денеска претпријатието „Токио Електрик Пауер Компани“ (ТЕПКО).

Досега истечената вода е само 1,5 проценти од вкупниот капацитет на резервоарите на нукеларката, пишуваат јапонските медиуми. Според компанијата, радиокативната вода засега останува во почвата околку нуклеарката и не достигнала до океанот кој се наоѓа на околу 800 метри одалеченост. Радиоактивноста на водата е проценета на 5.900 бекерели на сантиметар кубен.

ТЕПКО претпладнево соопшти дека вода, која служи за ладење на реакторите, почнала да истекува од еден од седумте резервоарите на централата, а причината за истекувањето не е позната.

„Фукушима“ доживеа хаварија за време на земјотресот и ударот на цунами бранот во март 2011 година.

Слично

Поврзани вести