Продолжува потрагата по „мозокот на нападот“ во Париз Абделхамид Абауд
Француската полиција продолжува да го бара Абделхамид Абауд. Специјалните единици ја демолираа вратата на црквата во Сен Дени, но излегоа без да уапсат некој 15 минути подоцна.
Дел од Париз е под полициска блокада откако денес рано наутро француската полиција влезе во престрелка со терористите. Иако акцијата во париското предградие Сен Дени официјално заврши, со двајца убиени, а седум уапсени терористи, човекот поради кого беше организирана голема операција не беше фатен.
Тоа е Абделхамид Абауд, се смета за организатор и раководител на атентатите во Париз од 13 ноември, при што загинаа 129 лица. Денеска пранцуските власти соопштија дека сите жртви на терористичкиот чин се идентификувани.
Сеуште не се јасни имињата на повеќето терористи, бидејќи тие имале опасни бомби на нивните тела со експлозиви со кои требало да се разнесат.
Мерките за безбедност во Париз се на највисоко ниво. Проверки има на секој чекор.
Засилена е и контролата на аеродромите. Таму се поставуваат дополнителни прашања кон луѓето кои пристигнуваат - главно за целта на нивниот престој во Париз.
Во Сен Дени, каде што се одржа акцијата од утринава, движењето е многу отежнато. Областа останува отцепена за сите, на луѓето им се кажува да не излегуваат од своите домови, парализиран е и градскиот транспорт.
На улиците е мирно. Близу до театарот Батаклан луѓето сеуште се собираат и оддаваат почит на жртвите по нападите.
