Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжува лудилото во САД, полицајците додаваат пари за да купат полуавтоматски пушки

Продолжува лудилото во САД, полицајците додаваат пари за да купат полуавтоматски пушки

Полицијата во американскиот град Марион, во сојузната држава Ајова, одлучи од своите плати да додадат средства за набавка на полуавтоматски пушки АР-15с, со цел да можат да парираат на криминалците, јави Фокс Њуз.

Половина од вкупно 50 полицајци, во следните 18 месеци ќе одделуваат по 55 долари за да купат оружје што сметаат дека им е потребно.

Не можеме секогаш да чекаме да пристигнат специјалните единици. Мораме нешто да направиме, а моментално шансите се поголеми дека криминалците ќе имаат подобро оружје од полицајците на терен, изјави шефот на полицијата во Марион Хари Догерти.

Градот обезбеди 50 илјади долари за набавка на оружјето, а сега треба и градски совет да ја потврди одлуката на полицајците сами да ја додадат неопходната сума за потребното оружје.

Слично

Поврзани вести