Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продажбата на „Волво“ во Кина вртоглаво се зголеми за дури 66 %

Продажбата на „Волво“ во Кина вртоглаво се зголеми за дури 66 %
Благодарение на силниот раст во Кина, шведскиот производител на автомобили во кинеска сопственост „Волво“ во август ја зголемил продажбата на автомобили за пет проценти во однос на истиот месец лани, објавија од компанијата. Шведската компанија, во август, продала вкупно 28,998 автомобили. Во Кина продажбата се зголемила за дури 66 проценти, на 4,319 автомобили, а во Европа се зголемила за пет проценти, на 10,770 автомобили, додека во САД се намалила за 12 проценти на 5,519 автомобили. Во периодот од јануари до јули продажбата бележеше негативната стапка на раст, од три проценти. Во 2012 намалената кинеска и европска побарувачка го зема својот данок од автомобилската индустрија, силно намалувајќи ја оперативната добивка на „Волво“.  
Слично

Поврзани вести