Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продажбата на таблети ќе расте, на лаптопи ќе опаѓа

Продажбата на таблети ќе расте, на лаптопи ќе опаѓа

Според истражувачко-консултантската компанија Гартнер, продажбата на компјутери, таблет уреди и на смартфони во светот оваа година ќе се зголеми за девет проценти и ќе достигне 2,4 милијарди парчиња.

Од компанијата посочуваат дека корисниците претпочитаат се повеќе таблет уреди и смартфони и затоа продажбата на персонални компјутери и лаптопи ќе забележи пад од 7,6 отсто, до околу 315 милиони оваа година. Оттаму појаснуваат дека е забележана тенденција на продажба на помоќни таблет уреди по пониски цени, со што се ставаат во втор план традиционалните компјутери.

„Некои луѓе ќе ги задржат и персоналните компјутери и таблет уредите, особено оние кои ги користат за работа и за рекреација, но многумина ќе се задоволат со таблет уред како основен компјутер“, изјави претставничка на компанијата која додаде и дека глобално продажбата на таблет уреди ќе се зголеми за 70 отсто.

Слично

Поврзани вести