Продажбата на „Лада“ во февруари пораснала за 25,7%
Во февруари оваа година рускиот производител на автомобили Автоваз продаде 43.587 возила од марката лада, што е за 25,7 % повеќе од јануари.
Според соопштението на компанијата, продажбата на рускиот пазар пораснала за 22,9% на 36,210 возила. Апсолутен лидер во продажбата шест месеци по ред е лада гранта.
Во февруари 12.207 возила од тој модел биле испорачани на купувачи, пренесе Итар тас
Слично
