Продажбата на Ауди во септември зголемена за 10 проценти
Благодарение на зголемувањето на побарувачката во САД, Кина и Европа, продажбата на Ауди, минатиот месец се зголемила за 10 отсто во споредба со истиот период лани.
Според Ројтерс, за првите девет месеци од годината, испораките на луксузни марки на Фолксваген пораснале за 7,6 проценти. Истиот извор наведува дека Мерцедес Бенз во септември оваа година забележал раст од 15,9 проценти што претставува , најдобар месечен резултат во историјата на компанијата.
Слично
