Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продадени 40 милиони лиценци за Windows 8

Продадени 40 милиони лиценци за Windows 8

Вкупно 40 милиони лиценци за оперативниот систем Windows 8 на американската софтверска компанија „Мајкрософт“ се продадени од лансирањето на овој нов систем пред месец и половина.

Податокот е интересен кога се има предвид дека во САД, според истражувачката компанија НПД, продажбата на персоналните комјутери е намалена за 13 отсто во однос на претходната година.

Експертите наведуваат дека пазарот се изменил од лансирањето на системите на „Мајкрософт“ - Windows ХР,  Windows vista или Windows 7 и дека паметните мобилни телефони и таблет уредите негативно влијаеле врз продажбата на компјутерите.

Покрај тоа се укажува и дека драстичната промена на дизајнот на Windows 8 ги одбива корисниците кои немаат желба да се навикнуваат на нов „универзум“.

Слично

Поврзани вести