Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продадени 230 писма од руски кралеви кои што содржат многу тајни од Рускиот двор

Продадени 230 писма од руски кралеви кои што содржат многу тајни од Рускиот двор
Повеќе од 230 писма од руските кралеви и членови на нивните семејства кои содржат многу тајни поврзани за рускиот двор се продадени на аукија пред неколку дена во Женева за 743.000 швајцарски франци, што е десет пати повеќе од првобитната цена. Досега необјавените преписки на Николај Први и Александра Втора и нивните блиски роднини, ги купи во целост ,ист купувач , соопшти аукциската куќа Otel de Vant (HDV). Писмата ги купи руски колекционер кој живее во Монако. Писмата пишувани на руски, француски и англиски јазик припаѓале на амерички офицер и новинар кој ги купил во текот на Втората Светска Војна , додека бил стациониран во Европа. Повеќето писма се адресирани на принцезата Олга Николаевна , ќерка на Николај Први и сестрата на Александра Втора, која се преселила во Штутгарт после мажењето со германскиот принц. Писмата ги открива „ интимните тајни и заверите во рускиот двор ‘‘. На лицитацијата требало да бидат и 30 фотографии на фамилијата на Александра Трета , но HDV ги повлекла од продажба по барање на рускиот конзулат во Женева, кој барал да се истражува нивното потелкло. HDV навела дека фотографиите припаѓаат на Ото Хофман , германски уметник кој служел во нацистичката војска, кога во 1944 година е запалена царската палата во Гатчин, во Ленинградската област. „Кршејки ја наредбата и ставајки го својот живот во опасност, војникот ги скрил и однел околу 30 фотографии од историско и од културно значење за Царската Русија-наведува аукциската куќа. Покрај писмата , главни случувања на аукцијата било и наддавањето за две порцелански вазни од 1849 година ,кои царот Николај и ги подарил на сопругата на неговиот брат , Елена Павловна. Тие се проценети  на  500.000 , а се купени за 1,58 милиони швајцарски франци.
Слично

Поврзани вести